Актуелно

Ќе имаме сончев и убав викенд


Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Преку ден ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Дневната температура ќе се движи 10 до 19 Целзиусови степени: Маврово 10, Охрид 16, Битола 17, Дојран 18, Берово 14, Кавадарци и Скопје 19.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Утре дневните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а од понеделник ќе достигнуваат и до 23 степени.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top