Ќе има „препукувања“: Моден дуел на двете најславни светски Први дами


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меланија Трамп и Бриџит Макрон, две сосема поинакви жени, но подеднакво интересни за светските медиуми. Првите дами на САД и Франција се големи љубители на скапите модни брендови, но негуваат сосема поинаков стил.

Гламурозната Меланија, цврсто гази пред себе, па токму затоа постојано ја гледаме во моќни и подеднакво скапи комбинации.

За време на својата посета на Сицилија, госпоѓа Трамп блесна во палто од Долче и Габана кое вреди повеќе од 50 илјади долари.

Сопругата на Макрон, пак е за нијанса поприземјена иако и таа знае да потроши добра сума на пари за персонализирана Louis Vuitton чантичка.

Првата дама на Франција, сака поспортски комбинации што јасно се гледа од нејзиниот избор на облека за посетата на музејот на надреалистичкиот уметник Рене Магрит, во Брисел.  За посетата на Сицилија повторно се појави во полежерен стил, овој пат во црвено – бела комбинација на бои.