Ќе им суди Лидија од бомбите: Градоначалникот на Битола, Талевски, и 20 други на обвинителна клупа за Транспортер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинителниот акт за случајот Транспортер во кој Специјалното јавно обвинителство Скопје гони 21 лице, меѓу кои и градоначалникот на Битола Владимир Талески кого СЈО го товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тежок 360.000 евра,. Предметот ќе го суди судијката Лидија Петровска која постапува и во предметот за Тврдина 2.

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како Транспортер, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека предметот е рапореден кај судијката Лидија Петровска. Нејзиното име се споменуваше во прислушуваните разговори, а таа го суди и случајот Тврдина 2 во кој на екс началникот на петтата управа Горан Грујовски и на уште шестмина вработени во МВР им се суди за фалсификување и уништување на документи.

Од судот додаваат дека кога ќе биде определен датум за старт на судскиот процес, јавност ќе биде известена. Специјалното јавно обвинителство случајот Транспортер го отвори на 14 април минатата година, и во него, покрај Талески, за злоупотребите со превозот на ученици во Битола, се обвинети уште 20 лица.

Инаку, ова е трето обвинение што го поднесува СЈО, по оние за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и за случајот Тврдина.

Ова е прво обвининие на СЈО по редовна постапка, бидејќи претходните две беа поднесени како обвинителни предлози, односно по скратена постапка.