КАВАДАРЧАНЕЦ УЦЕНУВАЛ ДВЕ ДЕВОЈКИ: Им барал 3000 евра за да не објави нивни секс снимки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


30-годишен кавадарчанец уценувал две девојки да му дадат по илјада и две илјади евра за да не објави на социјалните мрежи компромитирачки видео и фото материјали поврзани со нив.

Кавадарчанецот бил лишен од слобода откако во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци две лица пријавиле дека ги уценувал да му дадат пари за да не објави компромитирачки материјали за нив на социјалните мрежи.

– По брзата акција на вработените од ПС ОН Кавадарци откриено е лицето на триесет години од Кавадарци и истото е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“, вели Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

По извршениот разговор и собраниот доказен материјал, додава Додевски, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело “Уцена”.