Актуелно

Со кауција од речиси милион евра Сеад Кочан на слобода


Сеад Кочан си ја загарантира слободата со приближно 900 илјади евра движен и недвижен имот, а гаранција дека нема да замине на службен пат ќе биде одземениот пасош кој се наоѓа во Кривичниот суд каде што бизнисменот ќе мора и да се јавува еднаш неделно.

Ова е епилогот од барањето на Специјалното јавно обвинителство за определување на притвор за бизнисменот осомничен во предметот Труст.

Според судијката на претходна постапка, не постоелe основите за притвор – опасност од влијание врз сведоци и повторување на делото, но сепак од приложените докази на СЈО утврдила дека постојат сомневања дека Кочан го сторил делото злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Во решението, судија на претходна постапка наведе дека од приложените докази и по повторно одлучување, е на мислење дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се товари, а имајќи го во предвид неговото поведение од почетокот на оваа постапка до денес, судијата смета дека постои опасност од бегство, па од тие причини го прифати предлогот на одбраната за определување гаранција и мерките на претпазлиовст, се наведува во соопштението на Кривичен.

Здравствената сотојба на Кочан, се појаснува во решението, била пресудана судијката да не го прифати барањето за притвор. Кочан бил хоспитализиран во неделата, а пред два дена му бил имплантиран стент на Клиниката за кардиологија. За потсетување, судијаката Даниела Димовска кога прв пат СЈО предлагаше притвор целосно го отфрли барањето како неосновано

За СЈО пак, уште вчера беше спорна медицинската документација приложена од одбраната на Кочан. Одлуката тој да не оди во притвор ќе ја обжалат.

Секоја одлука која ќе значи неприфаќање на нашиот предлог ќе ја обжалиме пред Кривичниот совет, рече вчера Бубевски.

Кочан повеќе од два месеци беше недостапен за органите на прогонот откако му беше определен притвор. Да не помине ниту еден ден во затворот Скопје му помогна Јавниот обвинител Марко Зврлевски кој поднесе барање за укинување на притворот, кое Врховниот суд го прифати. Додека Кочан е на слобода, под блокада остануваат три сметки на неговата фирма Трансмет и нејзиниот недвижен имот. Бизнисменот се товари дека со уште две фирми формирале конзорциум кој со невистинита документација добил тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top