Катанец за фабриката за масло Брилијант – отпуштени сите работници


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фабриката за масло Брилијант, еден од најуспешните репрезенти на локалното штипско стопанство, која со децении го произведуваше познатиот прехранбен бренд Брилијант ја прекина работата и ги отпушти сите 70 вработени. На сега веќе бившите работници сопственикот им ги исплати платите до крајот на минатата година и им ги подмири сите придонеси заклучно со 31 декември 2016 година, пренесува istokpress.mk.

Се уште нема точен одговор зошто позната фабрика се реши на ваков чекор. Но, во Штип,во однос на оваа состојба и понатаму се присутни повеќе шпекулации и пикатни приказни предизвикани пред се од актуелната политичка состојба. Веста за затворањето на Брилијант во Штип одекна како бомба, зашто за производителот на најреспектираниот бренд на масло за јадење во државата се мислеше дека е толку стабилен производен капацитет што проценките беа дека неговата суверена позиција никогаш и со ништо не би можела да биде загрозена.

Точно е тоа дека работниците се отпуштени и фабриката престана со работа но тоа е резултат на многу високата цена на суровините на светската берза поради што натамошното производство стана неисплатливо. Кога на берзата ќе дојде до стабилизација на цените на суровините кои нам ни се неопходни, фабриката пак ќе работи, ни изјави Коста Ташков.

Каква и да е вистината факт е дека ова е една многу лоша вест за Штип зашто не е мала работа 70 семејства да останат без редовни примања, а со тоа и без основни услови за живот.