Актуелно

Каталонија изгласа независност: Над 90 насто гласале за отцепување од Шпанија


Масовна поддршка за независноста на Каталуња, објави АП. 90 отсто од гласачите ја поддржаа поделбата од Шпанија.

Портпаролката на локалната власт, Хорди Турул, рече дека 2,26 милиони луѓе учествувале во гласањето.
Граѓаните на Каталонија, го добивме правото да имаме независна држава да стане република. Ова го најави премиерот Карлес Пуџдемон.

Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“.

„Граѓани на Каталонија, ние се изборивме за правото да имаме независна држава, која ќе биде република“, изјави Пуџдемон во обраќање пред своите приврзаници во Барселона.

Тој го поздрави одѕивот на милиони луѓе кои излегоа да гласаат на референдумот, иако тој беше суспендиран од шпанскиот Уставен суд.

Пуџдемон смета дека Европската унија повеќе не може да „ја врти главата од кршењето на човековите права и од конфликтот меѓу Каталонија и шпанската држава“.

„Ние сме европски граѓани и се соочуваме со загрозување на нашите права и слободи“, изјави Пуџдемон, повикувајќи ја ЕУ да преземе итни акции.

Според Пуџдемон, резултатите од вчерашниот реферемндум за независност, кој шпанските власти го прогласија за нелегитимен, ќе бидат познати „за неколку дена“ и дека неговата Влада ќе ги достави до регионалниот Парламент, со што тој ќе може да го спроведе Законот за референдумот.

Со Законот се предвидува каталонскиот Парламент да може да прогласи еднострана независност, доколку на референдумот мнозинството од гласачите се изјаснат за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top