КАТАЛОНИЈА ГРМИ: Ова е судиски грабеж! Лахоз направи три грешки, Пике сакаше да се тепа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Каталонските медиуми денес едногласно заклучија дека судијата Матеу Лахоз ја „ограбил“ Барселона на мечот против Лас Палмас.

Голема прашина крена мечот помеѓу Лас Палмас и Барселона, а за се е виновен судијата Матеу Лахоз кого каталонските медиуми го окарактеризираа како „крадец“ и „најлош судија во Шпанија“.

Главна причина за тоа беше досудениот пенал на домаќините кој во гол го претвори Калери. Пеналот беше во најмала рака сомнителен, а тренерот на Барса, Валверде тврди дека никој се уште не ја знае причината зошто тој беше досуден.

Според некои наводи Лахоз го досидил пеналот поради играњето со рака на Дигне кого топката го погоди во шаката и се одби во стативата. Меѓутоа, на снимката изгледа како судијата да покажа на белата точка поради дуелот меѓу Серџи Роберто и Агирегарај.

Меѓутоа, Каталонците се жалаат бидеќи во истата таа акција Лахоз не досуди фаул над Вермален кој беше повлечен од Калери.

Некогашниот судија Едуардо Гонзалез, сега стручен консултант во „Кадена Сер“ истакна дека Лахоз направил три големи грешки на овој дуел. Една е пеналот, кој според Гонзалез не требало да биде досуден.

Втора грешка е стартот над Лео Меси кој го направи Галвез од зад грб и според поранешниот судија играчот на Лас Палмас требало да биде исклучен. Третата голема грешка е што не беше исклучен голманот на домаќините, кога со рака интервенираше надвор од шеснаесетникот.

Според Гонзалез исправна била одлуката на Лахоз што не досуди пенал за Лас Палмас кога топката без намера го удри Иниеста во раката.

Судиската неправда особено го погоди „војникот“ Жерар Пике, кој после мечот имаше желба вербално да се пресмета со судијата Лахоз. Меѓутоа во тоа спречи делегатот Карлес Навал и не му дозволи на дефанзивецот да направи поглема гужва.