Каталонецот му сврти грб на Пике: Оваа изјава ја „потресе“ Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Бускетс се огласи по повод неделниот референдум во Каталонија, како и изјавата на Жерар Пике, кои се главни теми во медумите во Шпанија.

„Мое е да се посветам на фудбалот, тоа сигурно е подобро отколку да пишувам на Твитер. Секој треба да го користи здравиот разум“, изјави Бускетс јасно алудирајќи на својот соиграч од Барселона.

Жерар Пике веќе со години води Твитер кампања за каталоснкото право на независност, а после последните случувања во Каталонија неговите коментари станаа пожестоки.

Поради тоа Пике беше исвиркан на тренингот на шпанската репрезентација. Капитенот Серхио Рамос не застана во негова одбрана, па се очекуваше тоа да го направи Серхио Бускетс.

„Ова ми се најтешките моменти во репезентацијата. Поради се што се случува и поради фактот што тешко ќе се реши ситуацијата со Пике. Немавме никаков состанок, не верувам и дека Рамос и Пике разговарале. Ова е многу чудна ситуација“, истакна Бускетс кој верува дека уште многу години ќе игра за Шпанија.

„Веќе сум еден од ветераните во екипата, но се надевам дека ќе поминам уште многу години во репрезентацијата. Само телото да ми го дозволи тоа“.