Кармата е кучка: Правеше наци поздрав – казната стигна експресно (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Групата ултра-десничари со ставови за доминација на белата раса која излезе да протестира на улиците од Шарлотвил, Вирџинија, беше проследена од голем број силна опозициска маса која се противи на јавното искажување на таквите нивни идеи.

Контроверзната „Unite the Right“, организирана од Џејсон Кеслер, си зададе мисија да го спречи отстранувањето на статуата од конфедерацискиот генерал Роберт И. Ли, а нивната поворка беше проследена од голем број анти-фашистички определени граѓани.

Имаше немири и насилство, кои резултираа со смрт на 32-годишна жена која беше удрена од кола, управувана од ултра-десничар кој влета во толпата анти-фашистички протестирачи за да ги заштите оние од неговиот табор. 19 други беа повредени.

Од ултра-десничарите не беа изоставени сите пропратни нацистички симболи како свастики, наци отпоздравувања и слично.

Сепак, кармата немаше ист аршин за сите ултра-десничари кои сметаат дека во 21-ви век е сосема нормално да се има такви ставови.

Еден дечко кој отпоздравуваше со нацистичко салутирање експресно ја доби својата казна во форма на јак бокс кој му го зададе еден од анти-фашистички настроените протестирачи. А некој се најде на вистинското место во вистинско време и направи серија фотки кои на одличен начин го доловија тој момент.

Сличен инцидент имаше за време на протестите на денот на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, кога истакнатиот ултра-десничар Ричард Спенсер и ко-уредник на ултра-десничарскиот сајт AltRight.com беше удрен со јак бокс додека даваше интервју.