Вебкафе

Канибализирање на убиеното алфа мажјак шимпанзо од мажјаците во неговата група (видео)


Реткото видео кое го пренесе National Geographic, прикажува канибалистички третман на едно алфа мажјак шимпанзо од страна на останатите мажјаци од групата која ја предводел.

Групата шимпанза во Сенегал е следена од 2005 година. Истражувачите го идентификуваа едното шимпанзо, со име Фудоку, како алфа мажјак и лидер на групата. Две години подоцна, тој ја загуби власта и моќта, турнат од група помлади мажјаци.

Тој две години живееше осамен, надвор од групата, пред да се обиде да се врати во истата во средината на 2013 година. Беше убиен од неговите бивши следбеници, редок вид на појава во која едно шимпанзо е убиено во рамки на неговата сопствена заедница.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!