Калифорнија во пламен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Калифорнија во пламен, цели населби се претворени во пепел. Најмалку 23 лица загинаа, а стотици се водат за исчезнати во пожарите кои од неделата беснеат во американската сојузна држава Калифорнија. Поради силниот ветер кој со денови беснее огнот зафатил речиси 69 000 хектари земјиште, а илјадници луѓе се евакуирани.

Според властите ова е најсмртоносниот пожар што ја погодил Калифорнија. На терен има повеќе од 70 хеликоптери и 30 противпожарни авиони, додека на земјата оперираат стотина пожарни возила. Надлежните се борат во секој миг да евакуирааат што е можно поголем број на луѓе.

Претседателот Доналд Трамп одобри активирање на итна федерална помош. Помош, опрема и тимови пристигнуваат и од останатите сојузни држави. Илјадници луѓе останаа на улица. Во многу домаќинства е прекинато снабдувањето со електрична енергија. А пред неколку дена гувернерот на Калифорнија прогласи и вонредна состојба во неколку окрузи поради огнената стихија која голта сѐ пред себе.