Какво време носи овој четврток?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во глобала, четврток ќе биде претежно облачен ден. Сончеви периоди ќе има, но не очекуваме истите да бида главна одлика на денот. Ветерот постепено ќе го менува правецот во југоисточен, но ќе биде слаб.

Повремен слаб доже е можен приквечер во околината на струмичкиот крај, како и во околината на мавровскиот  и охридскиот крај.

Наутро минималната температура ќе има вредности помеѓу минус 1 и 4 степени. Низ поголем дел од котлините максималната температура ќе има вредности во границите помеѓу 5 и 8 Целзиусови, а на  југоисток температурата ќе достигне до 10 степени.

Скопскиот крај очекува претежно облачно време, со повремени сончеви периоди. Минималната температура ќе има вредност околу 0 степени, додека максималната температура нема да надмине 7 Целзиусови.