Какво време носи оваа среда?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, на места со брзина и од 70 км/час.

Минималните температури ќе се движат од од 12 до 21 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 23 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер, тeмпературата ќе се движи од 19 до 34 степени.

Денес и во четврток, главно во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и појава на локален пороен дожд со грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови од земјава. Денес ќе дува умерен, а во четврток засилен ветер од северозападен правец.

Дневната температура и во следните два дена ќе биде во опаѓање, а најсвежо ќе биде во четврток. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот.