Каква Лига на шампиони, имам испит на училиште!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


17 годишниот талент на Баер Леверкузен, Каи Хаверц не отпатува во Мадрид за дуелот со Атлетико бидејќи мора да оди на училиште.

Пред да отпатува за Шпанија, Баер Леверкузен на социјалните мрежи соопшти кои играчи нема да бидат во комбинација. Најмногу внимание предизвика отсуството на младиот Каи Хаверц поради интересната причина која беше дадена.

17 годишниот Хаверц мораше да остане дома бидејќи да учи за испитот кој го има на училиште, а кој никако не може да се одложи.

Првите фудбалски чекори Хаверц ги направи во младинците на второлигашот Алеманија Ахен. Во 2010 потпиша со Баер Леверкузен, а сезонава веќе има 20 настапи и беше стартер на првиот натпревар против Атлетико.