Како Вернер фон Браун во 1952 ја предвиде мисијата за Марс од Илон Маск


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милијардерот и технолошки могул, Илон Маск, е една од водечките фаци во светот на иновациите поврзани со вселенските патувања во моментов, а неговата компанија „Спејс Екс“ работи на создавање на евтини и енергетски ефикасни вселенски летала.

Неговиот план е да испрати луѓе на Марс во наредната деценија, а доколку успее да го направи тоа неговото име засекогаш ќе биде поврзано со Марс.

А токму тоа го предвидел и Вернер фон Браун, кој бил германски воздушно-инженер одговорен за развојот на ракетата V-2.

Фон Браун се заљубил во ракетите уште од дете, а докторирал воздушно-инженерство на Универзитетот во Берлин. По доктрорирањето веднаш бил регрутиран во германската армија и започнал да развива ракети.

Иако Фон Браун знаел дека за изработка на ракетите V-2 се користи присилена работна сила, тој изјавил дека не бил свесен за тоа што се случувало во концентрационите кампови на нацистите. Само еднаш ја посетил фабриката каде што се изработувале ракетите и бил задоволен од односот кон вработените.

Во 1944 година тој беше обвинет за соработка со комунистите и беше уапсен, но бидејќи режимот не можел да докаже дека работел против државата, излегол од затвор и продолжил да работи на ракетите. Пролетта 1945. година тој избегал во Австрија и се предал на американската армија.

Фон Браун е еден од 1.500-те германски научници кои биле тајно пренесени во САД, а бидејќи работел со ракети, брзо бил запослен во американската армија, каде што продолжил да се занимава со истото.

Поголемиот дел од животот Фон Браун се занимавал со развивање на оружје, но негов вистински интерес било патувањето во вселената. Тој сакал да разие систем што ќе може да овозможи испраќање на луѓе на Марс. Во текот на неговиот живот напишал неколку теоретски и измислени приказни за колонизација на Марс и конструкција на вселенска станица во орбитата на Земјата.

Неговото дело „Проектот Марс“ објавено во 1952 година е зачудувачки прецизно во предвидувањата. Книгата предлага мисија на Марс што би резултирала со колонизација и воспоставување на автономна влада.

Мисијата би содржела флота од 10 големи вселенски летала, кои би превезувале 70 астронаути и 9 возила. Браун ги изработил математичките пресметки за сите парамтери на мисијата и иако го привлекол вниманието на неколку богати личности заинтересирани за вселенски истражувања, сепак планот останал само теоретски проади ограничувањата на технологијата во педесеттите.

Во планот на Браун за автономната влада се предвидува наместо претседатели, владетелите на колонијата да се нарекуваат „Илон“.

„Владата на Марс е водена од десет луѓе, а лидерот ќе се избира со гласање и мандат од 5 години и ќе се нарекува „Илон“. Двата дома на парламентот ќе носат закон што ќе бидат администрирани од Илон и неговиот кабинет, се вели во книгата на Фон Браун.

Во педесеттите години од минатиот век, зборот Илон веројатно не значел многу, но денес со плановите на Илон Маск за освојување на „Црвената планета“, луѓето се прашуваат дали станувало збор само за случајност.