Музика

Како Мараја Кери се избламира пред Њујорк и светот на новогодишната вечер (видео)


Традиционалниот пречек на Новата година на њујоршки Тајмс сквер мина без инциденти благодарејќи на силното обезбедување, но концертот на телевизијата ABC се претвори во скандал за малерозната пејачка Мараја Кери.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио и генералниот секретар на ОН на заминување Бан Ки-мун го иницираа традиционалното спуштање на пет тони тешката кристална топка со што беа испратени последните секунди од 2016 година.

Потоа на сцената настапи Мараја Кери којашто со песната „Emotions“ требаше да ја поздрави новата 2017 година во рамките на телевизиското шоу „Dick Clark’s New Year’s Rocking’ Eve“, но нејзиниот настап не беше беспрекорен.

Кога беше пуштена матрицата, таа не можеше во почетокот да се вклучи. Не почнаа да пее, и безуспешно се обидуваше да го најде преносникот на звукот за синхронизација на својата облека и ги поткреваше рамениците.

„Па среќна нова година. Не ја проверивме оваа песна. Но таа стана број еден (на топ листите)“, се обиде да се оправда пејачката и ги покани присутните самите да пеат.

Ни следната нумера не се покажа поуспешна, откако Кери среде песна престана да пее на плејбек, бидејќи прерано го спушти микрофонот, поради техничка грешка. Потоа призна дека „не беше подобро“ и видно вознемирена замина од сцената.

Потоа на социјалните мрежи им се извини на обожавателите, напомнувајќи дека во животот се јавуваат проблеми.

„Срањата се случуваат. Наздравувам на уште трачеви во весниците во 2017“, напиша на Twitter.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!