Како ќе се вика новиот iPhone?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неофицијалните инфромации ни укажуваат дека името на новиот модел на iPhone ќе биде iPhone Edition. Но, повторно пресврт во работите и дилема помеѓу iPhone Edition и iPhone X …

Ова име ќе има двојно значење. Како прво, „Х“-от во името посочува на премиум смартфон, исто како што беше со Droid X на Motorola во 2010. Второто значење, iPhone X би го означувал десетгодишното постоење на пазарот, всушност „Х“ е бројот десет во римските броеви.

Како што е познато, iPhone X ќе го означи почетокот на Apple телефон кој ќе поседува OLED панел и edge-to-edge екран. Touch ID ќе биде заменет со 3D систем за препознавање и отклучување и како истакната иновативност ќе биде безжичното полнење.

Крај на овие шпеклуации ќе се стави на 12 септември за време на неговото претставување, кога ќе се дознае официјалното име и цената на овој модел.