Нобел

Како да слушате музика на YouTube и да чепкате во мобилниот без да се прекине песната


Ако досега сте губеле нерви мислејќи дека не можете да правите ништо друго на мобилниот додека слушате музика на YouTube, стигнува спасоносното решение. Имено, има опција да направите музиката од YouTube да свири во позадина, додека вие нормално си го користите мобилниот за било која друга опција или апликација.

Ако сте корисник на смартфон со оперативен систем Android, сè што треба да направите е да влезете на YouTube преку пребарувачот од Google Chrom, да го отворите „менито“, поточно да кликнете на трите точки на десниот горен агол на екранот. Кога ќе ви се покажат опциите, треба да ја има и опцијата Request desktop site, односно да побарате „класична интернет страница“.

После тоа, треба само да одберете песна, да ги прифатите pop-up понудите кои ви ги дава YouTube и апликацијата ќе ви работи во позадина, додека вие непречено ќе си го користите мобилниот за било што друго. Ако песната запре кога ќе го напуштите Google Chrom, само „слизнете“ со прстот надолу и ќе ви се отвори класичниот контролен прегледник во кој ќе имате опција со чија помош ќе можете едноставно повторно да ја пуштите песната или да смените друга.

За корисниците на iOS нештата се уште поедноставни. Ако користите iPhone, само треба YouTube да го отворите преку пребарувачот Dolphin и апликацијата нормално ќе ви работи во позадина на мобилниот.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top