МАКЕДОНСКА РАБОТА: Како да избркаш илјадници туристи кои можат да ти донесат милиони евра во само еден потег!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ставаш цена на сместување на стан од 6000 евра.

Покрај хотелиерите во Македонија кои со астрономските суми по секоја цена се обидуваат да избркаат голем број потенцијални англиски и шпански туристи за мечот од Суперкупот во Скопје, своја шанса за брза заработка видоа и сопственици на станови од Скопје кои преку популарниот сервис за приватно сместување AIRBNB се обидуваат да ’нагостат’ некој желен за фудбал и со длабок џеб турист.

Така, на овој популарен веб сервис се најдоа огласи за издавање на станови за 07 и 08 Август за време на одигрувањето на Суперкупот, по астрономски суми – и до 6000 евра од вечер (кликнете овде). И со букви напишано – шест илјади евра или во денарска противвредност над 360.000 денари или пак колку 30 просечни плати.


Освен овој, најдовме уште неколку, нешто поевтини – така шпанските и англиските туристи ќе можат да спијат во Аеродром за само 3090 евра, а има и голем број со пристојни цени од 20-тина евра, па нагоре.

Дали на овие ’угостители’ ќе им се усреќи или ќе успеат да избркаат илјадници потенцијални туристи кои може да донесат милиони евра во нашата економија, останува да видиме!