Како брзо да се оправите од напорен тренинг?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Квалитетно одработен тренинг најчесто подразбира и појава на болка во мускулите.

Болката се јавува ден-два после напорниот тренинг, а веќе добро знаете како е тоа чувство неугодно. Но сето тоа е дел од активниот живот и со тоа мора да се помирите ако сакате да бидете фит и здрави.

Битно е само да не се откажувате и да пронајдете начин за како да ја ублажете оваа болка, а за тоа постојат неколку едноставни начини.

Експертите препорачуваат туширање со ладна вода, иако тоа знае да биде непријатно во зимските месеци, но „стегнете заби“ бидејќи тоа ќе  ви помогне во смирување на воспалените мускули.

Исто така, бидејќи е важно да се добро одморете после тренингот, доколку болкитее траат подолго прескокнете го следниот тренинг.

Додека сте во теретана, не излегувајте ако не сте добро истегнати или размислете за масажа која ќе ви помогне во циркулацијата.

Фитнес експертите истакнуваат дека еден од најдобрите начини за опуштање после напрен тренинг е лесна прошетка која моментално ќе направи да се чувствувате подобро.

Без разлика дали сте маж или жена пробајте сув пилинг на телото со четка, а тоа ќе ви помогне во намалување на болката.