Како Барса го пропушти Марко Асенсио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата во најава на Реал Мадрид, кој синоќа повторно го воодушеви фудбалскиот свет со неверојатен гол на Класикото во реванш мечот од Суперкупот, кој Кралевите го добија со 2:0, за малку можеше да заврши на другата страна.

Каталонските медиуми повторно ја актуелизираат приказната за Марко Асенсио, откако младиот Шпанец синоќа повторно торпедираше со неверојатен гол уште во 4 минута. Асенсио е ѕвезда во подем, Зидан му дава се повеќе шанси, а 20-годишниот фудбалер тоа и тоа како знае да го искористи.

Токму затоа, Каталонците се бесни на својата управа. Ја враќаат приказната во летото 2014 кога Асенсио настапуваше за Мајорка и се беше договорено меѓу двата клуба, дури и младиот фудбалер беше во населбата Кастелдефелс да си најде куќа. Но, за ситница не се договорија. Мајорка ги бараше договорените 4.5 милиони евра наеднаш, а тогашниот спортски директор Андони Зубизарета и генералниот директор Антони Росич инсистираа да платат со варијабли.


Трансферот пропадна и Барса се реши да најде замена за Дани Алвес – го купи Бразилецот Дуглас за 4.5 милиони евра, плус 1 милиони со бонуси. Како заврши Дуглас ви е познато, а веројатно и јасно им е на Каталонците што пропуштија со Марко Асенсио.


Впрочем бесот кај каталонските навивачи е особено поголем, бидејќи тие тврдат дека токму грешките на управата го создале сегашниот Реал Мадрид. Освен Марко Асенсио не можат да си простат и за Иско, Модриќ и Ковачиќ кои своевремено беа фанови на Барселона, а и самиот клуб беше заинтересиран да ги доведе, но наместо тоа, тие завршија кај најголемиот ривал.