Кај нас со сомнително лекарско, во Канада цајканите на медитација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие фотографии ќе го променат начинот на кој се гледат полицајците. Дали не би било добро овој тренинг да се примени секаде низ светот?

Полицајците од регионалната полиција во Канада ќе извршуваат специфични тренинзи, а тоа е посета на будистички храм и центар за медитација, се со цел да ја сфатат нивната филозофија.

Медитацијата има моќ да го трансформира мозокот. Будистичките методи на медитација се техники кои ја поттикнуваат и развиваат концентрацијата, позитивните емоции и „јасно“ гледање на нештата. А со редовна работа и трпеливост може да се постигне поголема смиреност и да се променат енергичните состојби на мозокот. На некој начин се отвораат нови видици и „ново“ сфаќање на животот.

„Ова е добро за нашите службеници, тоа ќе ги ослободи од сресот кој го стекнуваат за време на работата“, вели Лори Блашук за Мисисагага.

„Јас мислам дека луѓето имаат негативни впечатоци за полицајците, тие прифаќаат да бидат во првите редови за медитација, и сметаат дека тоа е многу позитивно“. А што се однесува до искуството кое го имал монахот кој ја водел групата вели дека на службениците на почетокот им требало малку време да се релаксираат, но откако успеал да ги насмее, тие биле порелаксирани.