Каде завршија украдените пари од епскиот грабеж на НЛБ Тутунска банка?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Главниот осомничен во најголемиот грабеж во историјата на земјава, Бобан С. се брани со молчење и не открива ништо за реализираниот план да ограби една од водечките банки, пишува Фокус.

Неофицијално, од извори во полицијата нема многу шанси тој да каже каде се парите и спремен е да ја одлежи казната без да открие ништо за тоа каде завршиле. Дали парите отидоа во Србија однесени преку пријателот на првоосомничениот, во некоја трета земја или, пак, можеби сѐ уште се во земјава, засега е мистерија.

Како е можно вработен во банката повеќе денови да краде огромни суми пари без никој да забележи, дали затаиле процедурите и протоколите за безбедност и дали банката имала внатрешна истрага за прекршување на процедурите и одговорност на вработените за пропусти во работењето?

Ова се само дел од одговорите кои Тутунска банка и институциите ги должат на јавноста.