Јувентус ја сака ѕвездата на Монако и спреми 50 милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на „старата дама“ на лето најверојатно ќе прави реконструкција на средниот ред, а италијанските медиуми открија која е најголема трансфер желба на „бјанконерите“.

Кедира, Стураро и Маркизио најверојатно ќе го напуштат Јувентус на крајот на сезоната, па раководството сака да се засили токму на таа позиција.

Покрај доаѓањето на Емре Чан од Ливерпул, Јувентус е силно заинтересиран и за ѕвездата на Монако, Фабињо.

Пуленот на Жорге Мендеш минатото лето остана во „кнежевството“, но јавно изјави дека ова е неговата последна сезона во Монако и сака да ја промени средината.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, притоа спремил понуда од 50 милиони евра.