Јуве го договори и четвртото засилување: Еве како ќе изгледа тимот следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус постигнало договор со Сампдорија за трансфер на Денис Прает.

Тоа значи дека „старата дама“ се откажала од Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кого Лацио бара неверојатни 150 милиони, па се одлучиле да го ангажираат Денис Прает кој има одлична сезона во Сампдорија.

„Бјанконерите“ веќе го доведоа како слободен играч Емре Чан од Ливерпул, а познато е дека и тандемот Спинацола – Калдара од следната сезона ќе го носат дресот на Јувентус.

Како што пренесуваат италијанските медиуми четврто засиливање за следната сезона ќе биде беглискиот играч за врска Денис Прает, за кого „бјанконерите“ ќе и платат на Сампдорија 20 милиони евра.

Поради тоа италијанските медиуми веќе објавија како би можел да изгледа тимот на Јувентус за следната сезона.