Јавен повик со нови критериуми за поддршка на млади земјоделци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Објавен е jавен повик за доставување барања за користење финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец, но со нови, променети критериуми за аплицирање, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Измените на критериумите се согласно Одлуката што ја донесе Владата за измена на Програмата за рурален развој во делот на мерката за помош на млади земјоделци за почнување земјоделска дејност.

„Станува збор за нови променети критериуми кои ќе помогнат средствата да завршат кај вистински земјоделци“, наведува Министерството.