Јаневски: Зенит е еден од најдобрите тимови во ЛЕ, но ние сме подготвени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски пред утрешниот меч изјави дека Зенит е еден од фаворитите во Лига Европа, но неговиот тим нема лесно да се предаде.

Иако Зенит е голем фаворит, Јаневски верува во своите избраници дека ќе може да одиграат хомогено и дека тоа може да донесе позитивен резултат од ова тешко гостување.

„Нема што да зборуваме многу, знаеме со каков противник играме. Не е Зенит само обичен тим, туку е еден од најдобрите во нашата група, и не само во нашата група, туку и од сите кои се натпреваруваат во Евроската лига. Зенит не губи на домашен терен, но ние доаѓаме подготвени за овој меч, знаеме дека имаме добар тим и ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра. Сите фудбалери со голема желба ќе истрчаат на теренот, и ќе докажат дека и последниот меч со Зенит не беше мерило за нашиот квалитет“, истакна Јаневски.

„За добар резултат ќе ни треба добра организација во играта и во одбраната и во нападот, ќе ни треба тимска и хомогена игра. Дојдовме тука да не се затвориме и да играме што се вели на „нула“, туку ќе настојуваме да дадеме гол. Ако сакаме добар резултат ќе треба да направиме се да го сочуваме својот гол исто така како и да дадеме гол. Да се покажеме во подобро светло, и да направиме напредок и во игра и во резултат“, заклучи тренерот на „црвено-црните“.