Силен шамар за Трамп: „Курвините синови“ го возвратија ударот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


NFL е обединета во одговорот на тирадата на Твитер кон американскиот претседател Доналд Трамп кој со остри и навредливи зборови ја осуди постапката од некои играчи од оваа лига, кои за време на интонирањето на химната клекнаа во знак на протест против насилството над Афроамериканците и се заложи за нивно исфрлање од тимовите.

Осудувајќи ги играчите кои одбија да стојат при изведување на националната химна и клекнаа придружувајќи се кон изразувањето на револт и протест поради бруталноста на полицијата кон Афроамериканците, Трамп повика на бојкот на лигата и исфрлање на играчите од истата.

Неколку стотици играчи од американската фудбалска лига во неделата клекнаа со наведнати глави во текот на интонирањето на американската химна, а останатите ги следеа или се држеа за раце со тренерите, персоналот, па дури и со сопствениците на тимовите, изразувајќи ја на таков начин солидарноста со правата на оние кои Трамп ги осуди поради протести.

Трамп, на Твитер, меѓу останатото, напиша дека играчите, доколу сакаат повисоки плати, треба „да стојат додека се изведува химната“. Ако не, „ОТПУШТЕН СИ! Најди си друга работа“, порача Трамп. Во саботата, на републиканскиот собир во Алабама, Трамп рече дека секој играч кој не ја почитува химната е „курвин син“ и дека би требал да биде избркан.

Роџер Гудел, одговорно лице од NFL, претходно одговарајќи на нападите од Трамп кон играчите од американскиот фудбал, изјави дека неговите твитови покажуваат „недостаток на почит“ кон NFL лигата и играчите.

Не долго откако Трамп изнапиша што изнапиша на Твитер, десетици играчи клекнаа при изведувањето на химната на САД за време на NFL дуелот помеѓу Џексонвил Јагуарс и Балтимор Рејвенс, кој се играше на лондонски Вембли. Играчите од двата тима стоеја држејќи се за раце, заедно со тренерите и персоналот, а им се придружи и сопственикот на Јагуарс, Шакид Кан, американски државјанин роден во Пакистан, кој е сопственик и на лондонскиот Фулам.

Иницијативата „Клекни“ ја иницираше бившиот играч на Сан Франциско, Колин Каперник, кој предизвика поделени реакции во 2016 година кога не стана на химната, туку наместо тоа клекна во знак на протест против полициското наслиство врз Афроамериканците. Истото тоа пред своите натпревари го направија уште неколкумина играчи.

По примерот на Каперник и останатите спортиски, и славниот пејач Стиви Вондер, во саботата вечерта, клекна на сцената на која имаше концерт во Њујорк. „Вечерва клечам за Америка“, рече Вондер кому во тоа му помогна неговиот син Квејм. „Клечам на двете колена за нашата планета, нашата иднина, нашите лидери и целиот свет“, додаде тој.

Трамп предизвика дополнителен револт кај спортистите кога во саботата изјави дека тимот кој е шампион на NBA, Голден Стејт Вориорс, повеќе не е добредојден во Белата куќа, откако главните ѕвезди на тимот искажаа негодување да се сретнат со него.