Јадете по две киви на ден – еве кој е ќарот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Киви претставува едно од омилените овошја на нутриционистите бидејќи релативно мала количина од ова овошје обезбедува доволно хранливи вредности како што е на пример витаминот Ц, што е особено важен за имунитетот и ни помага да ги избегнеме настините и грипот.

Само едно киви со средна големина (75 грамови) содржи 50,2 милиграми витамин Ц и ја задоволува дневната потреба на организмот за овој витамин.

Овој витамин исто така е важен и за здравиот изглед на кожата, бидејќи го поттикнува создавањето на колаген.