Живот

Јаболкото е извор на здравје: Еве зошто треба да го јадеме секој ден!


Сигурно сте слушнале дека јаболкото е една од најздравите овошки, а ние ви донесуваме пет причини зошто треба да јадеме барем по едно јаболко во денот.

1. Го чува нашиот вид
Со оглед на тоа што јаболката се богати со антиоксиданси, тие можат да дејствуваат превентивно врз појавувањето на катарактата.

2 .Богато е со влакна
Јаболкото е одличен извор на влакна и го помага работењето на системот за варење. Освен тоа, влакната можат да го регулираат апетитот и да нè задржат сити подолго време.

3.Го чисти црниот дроб
Поволно е за здравјето на црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините. Пружа можност за детоксикација на едноставен и вкусен начин.

4 . Добро е за срцето
Еден од најважните здравствени благодети на јаболкото е неговото влијание врз срцето. Влакната што ги содржи го намалуваат нивото на лошиот холестерол, со што се намалува ризикот од срцевите заболувања. Токму јаболкото го спречува затнувањето на артериите, и така го намалува ризикот од срцевиот удар.

5. Помага при слабеењето
Луѓето кои водат сметка за својата исхрана имаат повeќе помали оброци во текот на денот. Јаболкото се смета како еден оброк, а особено е корисно во утринските часови кога може да го забрза губењето на килограмите.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top