Музика

Ја тресе рок сцената и по смртта: Објавена првата песна од новиот албум на Чак Бери


Неколку дена после смртта на музичката и рокенрол легенда, Чак Бери, објавен е првиот сингл од неговиот нов албум кој ќе биде издаден на 16 јуни под наслов Chuck.

Музичката куќа Dualtone го објави синглот Big Boys, прв од најавениот нов албум на Чак Бери, во која се пее за момче кое сака да оди на забава со повозрасни момци.

Албумот Chuck ќе биде достапен од 16 јуни, а на него сега покојниот Бери работеше од 1991 година. Снимен е во Сент Луис, со долгогодишниот бенд од Чак, а меѓу гостите на албумот се наоѓаат Гери Кларк Јуниор, Том Морело, Натанаил Ретлиф и правнукот на Бери, Чарлс Бери III.

Како што пишува реномираниот Rolling Stone, на новиот албум ќе се најде и песната Lady B. Goodе, која е духовно продолжение на Johnny B. Goode. Останатите песни кои ќе бидат поместени на албумот се:

“Wonderful Woman”
“Big Boys”
“You Go to My Head”
“3/4 Time (Enchiladas)”
“Darlin'”
“Lady B. Goode”
“She Still Loves You”
“Jamaica Moon”
“Dutchman”
“Eyes of Man”



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!