Измените на законот за јазици поминаа кај ДУИ, на потег е Ахмети да пресече за коалиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Седум часа траел вчерашниот состанок на централното претседателство на ДУИ на кој членовите се согласиле на измените во Законот за употребата на јазиците, а лидерот на партијата Али Ахмети ги добил сите овластувања за да ја донесе одлуката за потписите на пратениците на ДУИ – за коалиција со СДСМ или против.

Според партиски извори, преговарачкиот тим добил овластување да допрецизира уште некои делови од законот со тимот на СДСМ.

Состанокот на централното претседателство на ДУИ продолжува во петок.

Од она што досега е познато, ДУИ во однос на двојазичноста бара двојазични табли на сите државните институции, двојазични патокази, печати, водење собраниска седница на албански јазик, постапките пред судовите и постапките пред управните органи да се водат на албански јазик. Се предлага да се овозможи во судската власт, во случаи кога учесниците во постапката се од албанска националност, судија, обвинител, странка, не само да зборуваат на албански, тоа и сега е регулирано, туку постапката да се води на албански јазик.

За дел од овие барања неопходни се и уставни измени. Зоран Заев, претседателот на СДСМ, по завчерашната средба со раководството на ДУИ во Мала Речица изјави дека и по цена да не ги добие потписите уставни измени нема да има.