Актуелно

Измамници му зеле 17.000 евра на 92-годишен прилепчанец!


92-годишен прилепчанец пријавил во полиција дека бил измамен од две лица вчера попладнето на градскиот плоштад, така што останал без 17.000 евра.

Две непознати лица вчера со измама му одзеле 17.000 евра на Ѓ.А. (92) од Прилеп на градскиот плоштад. Откако сфатил дека е измамен околу 13 часот настанот го пријавил во полициската станица Прилеп.

Како што информира МВР, лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец.

По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top