Измамник со седум идентитети ја изиграл Германија за 22.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суданец кој користел лажни идентитети за да ја измами германската држава за речиси 22.000 евра, е осуден во понеделникот на условна затворска казна од една година и девет месеци, што е првиот судски епилог по избувнувањето на овој скандал со кој за огромни суми е оштетена Германија.

Покрај тоа, на овој 25годишен азилант од Судан му се досудени и 200 часови општествено полезна работа, од страна на окружниот суд во Хановер, откако е утврдено дека користел седум лажни идентитети за да дојде до социјална помош во различни германски општини.

Успеал да добие 21.700 евра едноставно регистрирајќи се под различни имиња. Пред судот преку адвокатот рекол дека парите му биле потребни за да им помогне на болните родители во Судан.

Пресудата од повеќе од една година вообичаено би била причина за депортација од Германија за младиот маж кому уште не му бил одобрен азилот. Но бидејќи доаѓа од Дарфур, кој е разорен од војната, веројатно депортацијата ќе биде одложена, дури и доколку неговото барање за азил биде одбиено.

Станува збор за првото судење од околу 300 случаи во сојузната германска земја Долна Саксонија во кои најчесто судански азиланти се обвинети за мамење на државата со користење на лажни идентитети.

На почетокот од февруари Државното обвинителство во Брауншвајг покрена истрага против службеници на Покраинското биро за прифаќање бегалци на покраината на Долна Саксонија (LAB) поради тоа што се обиделе да забошотат преку 300 случаи на измама од страна на подносителите на барања за азил во Германија.