Музика

Излези од кутија и Сѐ е прекрасно: Двоен новитет од Сара Мејс


Сара Мејс повторно „напаѓа“ со нов бран музичка креативност која секогаш ги радува нејзините обожаватели.

Со двете новообјавени песни „Излези од кутија“ и „Сè е прекрасно“ Мејс сака да даде оригинална и автентична слика на општеството на уникатен начин.

Музиката и текстот на песните е на Сара Мејс, додека аранжманот на истите е на Неврус Бајрам и Иван Петровски.

„Сè е прекрасно“ одлично се исполнува со соло изведбата на виолината на Климент Тодоровски. Тој е концерт мајстор во Македонска опера и балет и неговите ноти и даваат неверојатна димензија на песната. Во „Сè е прекрасно“ на пијано е Филип Димишковски, Дејан Митровиќ – контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски – гитари, Александар Ванчовски – тапани, Виктор Филиповски со перкусии и Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали.

„Излези од кутија“ е во изведба на истиот овој тим кој воедно беше дел од проектот Floating through space with Sarah Mace и овие две песни се дел од самиот албум.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top