Избелување на половиот орган – нов бизарен тренд кај мажите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од 100 мажи месечно одат во тајландската клиника која изведува третмани за избелување на пенисот.

Болницата Лелукс во Бангкок започна со овој необичен третман пред шест месец, откако еден клиент се пожали на потемни делови на неговиот полов орган. Сега имаат три до четири клиенти дневно кои бараат избелување на својот пенис. И покрај загриженоста на јавноста поради наизглед непотребната и глупава пракса, од клиниката велат дека имаат повеќе клиенти и пациенти од било кога.

Третманот, кој подразбира ласерско избелување, е прикажан и на тајландската телевизија, а се прошири и на социјалните мрежи, откако болницата објави фотографија од маж кој се наоѓа среде таква процедура.

„Мора да бидеме внимателни, бидејќи станува збор за чувствителен дел од телото“, вели лекарот Бунтита Ватанасири.

Избелувањето и осветлувањето на кожата на другите делов од телото е вообичаена процедура и сосема нормална работа која често се нуди на интернет, но ова предизвика бура од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Луѓето главно пишуваат: „Опсесија. Луѓето денес веќе не можат да ја прифатат ни бојата на сопствената кожа“, „О боже, што се случува во светот?“, но имаше и коментари од типот „Зошто да не“, пренесува Daily Mail.