Иванов за амнестија на насилниците во Собранието: Зошто да не им помогнеме на оние заведени од толпата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во интервју за телевизијата Канал 5, претседателот на државата Ѓорге Иванов предложи амнестија за обвинитите за насилните протести на 27 април, но рече дека за тоа треба да одлучи Парламентот.

Ние во 2001 година имавме воен конфликт, па најдовме начин за помирување. Доколку имаат новите пратеници, новиот состав на собранието да покажат акт на добра волја, на помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001.

Тогаш знаевме дека собранието амнестираше воени злосторници и зошто сега да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоции, рече Иванов.

Иванов додаде дека тој не може да го стори тоа, бидејќи постапката за помилување кај претседателот е долга и таа се однесува откако ќе се изречат правосилни пресуди, изјави Иванов во интервју за Канал 5.