Иванов: Се договоривме да не коментираме за предлогот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот Ѓорге Иванов, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека не може да открие повеќе детали за што точно се зборувало, но рече дека е реалист со искуство, пренесува „Макфакс“.

„Очекувам Владата да нè информира за сите активности. Овој процес продолжува да се одвива во рамки на Обединетите нации. За да нема притисоци се договоривме да не коментираме за предлогот“, рече Иванов.

Синоќа во Клубот на пратеници се одржа состанок меѓу Иванов, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, на кој се разговараше за предлозите на медијаторот Метју Нимиц и за текот на преговорите со Грција. По средбата никој од нив не сакаше да даде детали за да не го нарушат процесот.