Славни

Иванка Трамп, всушност, не се вика Иванка


Вистинското име на ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп не е Иванка, како што ја знае цел свет.

Иако е помалку изненадувачки, бидејќи никогаш не сме ја чуле некој така да ја вика, не е никакво изненадување дека вистинското име на Иванка Трамп, всушност, е Ивана, како нејзината мајка, првата сопруга на Доналд.

Иванка, во суштина е нагалено од Ивана, а како што нејзиниот брат Доналд го носи името од нивниот татко, очигледно е дека Ивана Трамп сакала своето име да го даде на својата ќерка.

Иако на тоа никој никогаш не посветил внимание, бидејќи не беше прва ќерка, Иванка во 2010 година објасни зошто ја викаат токму Иванка.

„Моето правилно име е Ивана. На чешки, Иванка е на галено од Ивана, како што е Боби од Роберт“, напиша таа на социјалните мрежи.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top