Иванче доби канцеларија во Белата куќа, ако не е вработена во администрацијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иванка има сопствена канцеларија иако не е вработена во владината администрација.

Откако Трамп официјално дојде на претседателската функција на 20 јануари, Иванка неколку пати беше видена во Западното крило на претседателската резиденција.

Таа минатата недела учествуваше на тркалезната маса заедно со Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел.

Иванка ќе има пристап до доверливи информации и ќе мора да ги почитува правилата што важат за советниците вработени во Белата куќа, рече нејзината адвокатка Џејми Горелик.

Сметаме дека подобро е Иванка да се придржува, како што и самата предложи, до правилата што важат за вработените во владата, иако не е една од нив, рече адвокатката и додаде дека ова е прв случај ќерката на американски претседател да има улога во администрацијата.

Нејзината улога ќе биде да служи како очи и уши за татко ѝ и да му дава најразлични совети.