Иван е среќниот фаќач на крстот во водите на Охридско езеро


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На чествувањето на христијанскиот празник Богојавление-Водици, денес во Охрид, во водите на Охридското езеро најсреќен од фаќачите на светиот крст беше варошанецот Иван Лотески.

„Скокам по крстот од мои 13 години. Денеска прв пат го фаќам крстот. Среќен сум и за ова живееме. Освен молитва никаква друга подготовка немаме. Нека ни е за многу години празникот“, изјави Лотески.

Годинава во Охрид пријавени се 350 скокачи по крстот.