Истрага за смртта на бездомникот во Битола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со екипа од МВР, изврши увид во руинирана куќа во Битола каде е најдено починатиот маж. Настанот бил пријавен од друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот.

При увидот на лице место, преземени се потребните дејствија во насока на расветлување на настанот и утврдување на причините за настапување на смртта. Kај лицето се најдени видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, извршен е стручен лекарски преглед и на пријавителот, кој поради телесни повреди е хоспитализиран. Обвинителството издаде наредби за вештачење на траги од лице место, ДНА анализа, како и наредба за вршење обдукција на починатото лице, се наведува во соопштението.​