Истрага за петмина битолчани и прилепчани за проневера со платежни картички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против пет лица од Битола и од Прилеп, осомничени за кражба на податоци од платежни картички.

Осомничените, како што соопшти денеска обвинителството, се товарат за перење пари и други приноси од казниво дело, за изработка и за употреба на лажна платежна картичка и за злосторничко здружување.

Според обвинителството, тие со посебни уреди, „скимери“, кои ги вградувале на банкомати, ги читале податоците од платежните картички, кои потоа ги користеле за изработување лажни картички кои биле употребувани во земјава и во странство.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје доставил барање на четворица од осомничените да им биде одреден притвор, а за едно лице се предложени мерки на претпазливост, односно да му биде одземен пасошот, да му се изрече забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува кај службено лице.