Историски пренос на РТС: Во живо ја даваа 24-часовната контроверзна претстава „Олимп“ (18+)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Радио телевизија Србија изминатиот викенд направи историски пренос на својата програма – на гледачите им овозможи во живо да ја гледаат театарската претстава „Олимп“ која траеше 24 часа. Претставата се пренесуваше на третиот канал од РТС, а сто луѓе беа вклучени во реализацијата на програмата и преносот.

Почетокот на претставата

Небојша Брадиќ, главниот и одговорен уредник на културната програма на РТС изјави дека во Србија државната телевизија е главен и најголем пренесувач на културата и дека имаат обврска културен настан од такви размери да им го пренесат на луѓето од цела зема, а не да имаат можност да ја гледаат само оние кои ја следеле во живо.

Епската претстава „Олимп“ предизвика контроверзии и различни реакции на социјалните мрежи поради големото количество на голотија која се прикажуваше во рамки на истата. Претставата изобилува со голи машки и женски тела, а како што пренесуваат локалните медиуми, дел од јавноста веднаш почнала да се занимава „со меѓусебното допирање на голите мажи“. На дел од јавноста единствена забелешка за претставата им беше токму голотијата, што истовремено преставуваше и единствена критика за режисерот и актерите, факт кој овој потфат го прави уште поголем.

„Она што е интересно е дека многу луѓе кои на почетокот од претставата беа згрозени од виденото, од љубопитност продолжиле да го гледаат преносот, а некои останале на РТС 3 со часови и интензивно размислувале за виденото. Според мене, тоа е најголем успех за преносот во живо, и една од исполнетите задачи на современиот театар“, вели режисерот Сташа Копривица за српски Vice.

Екипата од РТС завршувањето на преносот го прослави со шампањ, бидејќи ова беше прв пат некој настан да се пренесува во живо цели 24 часа, а веројатно и последен пат, велат од РТС. Исклучително се горди што тој настан бил театарска претстава, а за сцените од „Олимп“ овие денови зборуваат и луѓе кои никогаш во животот не отишле во театар.