Историски момент: Сестрата од Ким Јонг-ун пристигна во соседна Јужна Кореја (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ким Јо-јонг, сестрата на лидерот од Северна Кореја, Ким Јонг-ун, денес пристигна во соседна Јужна Кореја, со што направи историски чекор станувајќи првиот член на владејачкото семејство во земјата што ја минал границата по Корејската војна.

Ким Јо-јонг пристигна на меѓународниот аеродром Инчеон со приватен авион заедно со севернокорејскиот церемонијален шеф на државата, Ким Јонг Нам, придружувана од неколку високорангирани државници. Ким Јонг Нам е највисокиот севернокорејски државник што го посетил Југот.

Последниот член на семејството Ким кој влегол во Јужна Кореја е Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја во 1950 година. Иако Корејската војна заврши со примирје во 1953, двете земји технички уште се во војна бидејќи никогаш не беше постигнат мир. Тензиите меѓу двете земји се високи од тогаш, но сега се случува еден вид затоплување во пресрет на Зимските олимписки игри.