Исплата на субвенциите и воведување на зелена нафта се приоритети на Минстерството за земјоделие


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Исплата на субвенциите и воведување на мерката зелена нафта, приоритети на Министерството за земјоделие сооопштени на средбата со производителите. Тие пак велат дека очекуваат екстремно лоша година за граднираските проводи и пченицата и бараат поволности од надлежните…

Производителите на пченица очекуваат повисока цена, наместо ланската кога се продавашеод 5 до 8 денари. Бараат и правилно утврдување на нејзиниот квалитет. Ова се дел од барањата на првата средба со новиот министер за земјоделство, Љупчо Николовски. Очекуваат соработка и решавање на проблемите.

И од Федерацијата на фармерите велат дека пченицата годинава треба да се продава по 12 денари за килограм. Но, земајќи ги предвид лошите климатски услови, поради можни штети, ќе бараат да се обесштетат производителите. Велат, ако се процени дека немаат што да жнеат, да бидат ослободени од водарина и од плаќање закуп за државно земјиште.

Од Асоцијацијата на земјоделци, очекуваат предвидените пари за субвенции да се распределат правилно. Да се носат одлуки кои ќе бидат од корист за земјоделците.

Министерот Николовски најави дека приоритет на новите владини политики ќе бидат воведувањето зелена нафта и исплатата на субвенциите. Ќе се анализира, и работењето на Платежната агенција за да се утврди одговорност,  односно да се прецизира кои се причините за блокираната распределба и за се уште не почнатото аплицирање за годинашната поддршка.

Додаде дека кон земјоделците ќе треба да се доисплатат вкупно 3,5 милијарди денари од кои речиси 1,5 милијарди за тутунот.

На првата средба кај министерот Николовски присуствувааAnchor и претставници на тутунарите,  Сојузот на земјоделските здруженија, Агротиквешија.