Вебкафе

Искусна ескорт дама открива: „Мажите најмногу бараат два фетиши и дебело плаќаат за нив“


После осум години во „секс-индустријата“, Саманта Х, писателка и раководителка на ескорт агенција, открива што мажите најмногу бараат и за која услуга се спремни дебело да платат.

„Во текот на двете години искуство научив главно да вработувам жени повозрасни од 35 години, претежно надарени со атрибути и заоблени. Имаше ситуации кога мажите ги одбиваа девојките бидејќи се преслаби“, вели Саманта и додава дека, на изненадување на многумина, девојките во раните 20-ти години тешко наоѓаат клиенти кои би сакале да имаат секс со нив.

Повеќето мажи кои барале услуги од агенцијата, објаснува Саманта, се мажи во своите 40-ти, 50-ти и 60-ти години од животот кои „во девет од десет случаи бараат некоја повозрасна од 40 години“.

„Тешко се наоѓа директор во седмата деценија од животот кој сака да помине три-четири часа со некоја девојка која е помлада од неговата ќерка“, истакнува Саманта за The Sun. Во склоп на тоа таа и ги бира девојките кои работат за неа.

„Кога ќе ни дојде жена над 35 години, ако го нема оној совршен тип на тело како од насловните страници, ако има насмевка, карактер и шарм, ја вработувам. Тоа е она за кое мажите се спремни да платат и илјадници долари“, додава таа.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top