Авто мото

Искешира 275.000 долари за овој Ferrari F430 – еве на кого му припаѓаше порано


Некогашното црвено Ferrari F430 на Доналд Трамп вчера беше продадено на аукција во Флорида за 270. 000 долари, јави аукциската куќа Auctions America, цитирана од француските медиуми.

„Ваквите модели, што не биле поседувани од познати личности, вообичаено се продаваат за 125.000 – 175.000 долари, во зависност од километражата, неговата состојба и дополнителни опции“, изјави портпаролката на аукциската куќа, Ејми Кристи.

Таа одби да го открие идентитетот на купувачот.

Аукциската куќа во петокот соопшти дека очекува меѓу 250 и 350.000 долари за автомобилот.

Црвениот болид беше ѕвезда на наддавањето, организирано од Auctions America во местото Форт Лодердејл, на еден час возење од Мар-а-Лаго, луксузната резиденција на американскиот претседател во државата Флорида.

Трамп овој Ferrari го купил во 2007 година за да го користи како личен автомобил и го поседувал четири години. Тој со него минал приближно 4.000 километри во времето кога интензивно се занимавал со продажба на недвижен имот.

Името на сопственикот на автомобилот по 2011 година не се соопшти.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!