Еротика

Интернетот врие од експлицитните секс сцени во новата хит серија (18+)


Истоимената адаптација на романот од Нил Гејман, „Американски богови“ веќе во третата епизода беше прогласена за „најважна серија на телевизија“, а експлицитните геј секс сцени меѓу двајца муслимани од дури четири минути оддалеку ги надминуваат границите на мејнстрим телевизиите.

Серијата вниманието го привлече уште со првата епизода, после која секс сцените ги зовреа социјалните мрежи со реакции и коментари. Иако станува збор за научно-фантастична драма, серијата е длабоко политизирана, а тоа го докажуваат и неодамнешните сцени со секс помеѓу двајца муслимани, пишува Daily Mail.

За својот повеќекратно наградуван роман „Американски богови“, британскиот автор Гејман, познат и како автор на култниот стрип Sandman, успеа да создаде креира современ свет проткаен со фантастика, а авторите на серијата Брајан Фулер и Мајкл Грин неговата фантазија, судејќи според реакциите, успешно ја пренесоа на малите екрани.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!